Барселона поднесе жалба против судијата во Ел Класико

Од:

Управата на Барселона поднесе официјална жалба до Шпанската фудбалска федерација против судијата Хуан Мартинез Мануера кој јa делеше правдата во 7-то коло од Ла Лига против Реал Мадрид (1:3).

Според „Sport.es“ главната причина за незадоволството на каталонскиот клуб е досуден пенал поради тоа што дефанзивецот на каталонците Клемент Лангле го повлече играчот на Реал, Серхио Рамос за дресот во неговиот шеснаесетник. Арбитерот се консултирал со ВАР пред да донесе одлука.

Забележано е дека поднесувањето жалба е формален гест, сепак, Барселона се надева дека со тоа ќе го сврти вниманието на фудбалската федерација кон работата на ВАР во сезоната 2020/21, која постојано беше критикувана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска