Барселона победи убедливо, Реал минимално против Леванте

Од:

Лидерот во Примера Дивизија, екипата на Барселона со убедлива игра и резултат од 4:2 победи на гостувањето кај Мајорка во еден од петте натпревари со кои се комплетира 11.коло. „Каталонците“ победата ја обезбедија уште по првото полувреме кога остварија предност од 3:0.

За разлика од Барселона, вториот претендент за шампионскиот трофеј во Шпанија, тимот на Реал Мадрид со гол на пет минути пред крајот, победи со 2:1 во натпреварот против Леванте одигран на гостински терен. Алваро Морате го постигна победоносниот гол за Реал и им донесе три бода на „кралевите“ со што останаа на едноцифрена разлика во однос на водечката на табелата Барселона.

На другите три неделни натпревари постигнати се следниве резултати: Ваљадолид – Валенсија 1:1, Атлетик Билбао – Севиља 2:1 и Атлетико Мадрид – Хетафе 2:0.

Резултати на натпреварите одиграни во саботата: Рајо Ваљекано – Селта Виго 3:2, Еспањол – Осасуна 0:3, Сарагоса – Депортиво Ла Коруња 5:3 и Малага – Реал Сосиедад 1:2.

Првиот дуел од ова коло се одигра во петокот во кој Бетис загуби од Гранада со 1:2.

Табела: Барселона 31, Атлетико Мадрид 28, Реал Мадрид 23, Бетис 19, Малага 18, Леванте 17, Рајо Ваљекано 16.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска