Барселона останува без Роберто и Гомез

Од:

Екипата на Барселона во наредните пет недели не ќе може да смета на Серхи Роберто и Андре Гомез.

Двајцата фудбалери се здобија со повреди за време на мечот од Лигата на шампионите против Олимпијакос кој заврши без голови 0:0.

И двајцата фудбалери имаат повреди на мускулот, односно кинење на мускулни влакна.

Тренерот Ернесто Валверде не ќе може да смета на Роберто и Гомез во наредните пет недели во кои за Барселона претстојат тешки натпревари и тоа во шпанската Примера против Севиља, Валенсија и Леганес, како и дуелот од Лигата на шампионите против Јувентус на гостински терен.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски