Барселона му понуди договор на Вилијан

Од:

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона понуди договор за 3 сезони на играчот од средниот ред на Челси, Вилијан, пренесува „Скај Спорт“.

Триесет и едно-годишниот Бразилец има договор со „сините“ до крајот на сезоната, по што може да стане слободен агент.

Лондонскиот тим, исто така, дал понуда за продолжување на договорот на Вилијан, како и Интер Мајами, чиј сосопственик е Дејвид Бекам.

Бразилецот објави дека не се брза со одлуката за својата иднина и го чека финалето на Челси против Арсенал во ФА Купот во сабота на „Вембли“.

Вилијан забележа 11 гола и 9 асистенции на 47 натпревари за тимот од „Стенфорд бриџ“ оваа сезона.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска