Барселона ги обнови договорите со четворица фудбалери

Од:

Шпанскиот фудбалски гигант, Барселона, на својата официјална веб-страница објави продолжување на договорите со четворица играчи.

Новите договори ги потпишаа: голманот Марк-Андре тер Штеген (до 30 јуни 2025 година), дефанзивците Жерар Пике (до 30 јуни 2024 година) и Клеман Лангле (до 30 јуни 2026 година) како и играчот за врска Френки де Јонг (до 30 јуни 2026 година).

Во договорите на Тер Штеген и Пике обесштетувањето за предвремен раскин на договорот е ставено на 500 милиони евра, кај Де Јонг 400, додека за Лангле изнесува 300 милиони евра.

Каталонскиот клуб договорите со играчите ги потпиша во време на финансиска криза и во период кога упати барање до тимот да се изјасни за намалување на платите.

Би можело да ве интересира

Барселона верува дека договорот со Фати важи до 2024 година, застапникот на фудбалерот смета дека е 2022 година

Ана Ололовска

Тер Штеген: Се надевам дека Меси ќе остане во Барселона и ќе биде среќен

Ана Ололовска

Феран Торес по хет-трикот против Германија: Не можам да изразам колку сум среќен

Ана Ололовска

Рамос ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид на две години

Ана Ололовска

Атлетико се вклучи во борбата за Чалханоглу

Ана Ололовска

Барселона започна преговори со Фати за нов договор

Ана Ололовска