Барселона без Меси и Суарез на мечот со Бетис

Од:

Шпанскиот шампион Барселона вечер на дуелот со Бетис од второто коло во Примера ќе биде значајно ослабен. Тренерот Валверде нема да може да смета на повредените Лионел Меси и Луис Суарез.

Исто така во составот го нема ниту Усман Дембеле кој продолжува да се опоравува од повредата.

Валверде во списокот го стави 16-годишниот напаѓач Ансу Фати.

Еве ги играчите кои ќе се обидат на Барселона да и ја донесет првата победа во новата сезона: Тер Штеген, Пења, Семедо, Пике, Лангл, Алба, Умтити, Фирпо, Ракитиќ, Бускетс, Артур, Рафиња, Роберто, Де Јонг, Видал, Гризман и Фати.

Средбата на „Камп ноу“ почнува во 21 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска