Барсегјан го продолжи договорот со Вардар

Од:

Тигран Барсегјан останува фудбалер на Вардар до 2019 година, откако ерменскиот напаѓач стави потпис на новиот две годишен договор со нашиот тим, објави денеска на клупскиот сајт македонскиот шампион.

Нашиот играч ги прифати условите понудени од Вардар, и ја продолжи верноста кон „црвено-црниот“ дрес, информира најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

– За мене е чест што сум сум дел од Вардар, екипа во која што се работи максимално професионално и во која условите за работа и за напредок се одлични. Тука сме како една фамилија, функционираме сите како еден, и среќен сум што ќе останам во Вардар и во следните две години. Веќе една година сум дел од оваа екипа, која што ќе ми остане во вечно сеќавање бидејќи тоа беше мојата прва титула со Вардар, истакна Барсегјан.

Тој се заблагодари на сите за поддршката која ја добил во Скопје.

– Благодарност до раководството, до стручниот штаб и до соиграчите за целата поддршка во текот на изминатата сезона, и јас ќе дадам се од себе и следните сезони да бидат со освоени титули. Посакувам да има уште многу победи, шампионски и Куп пехари, и, секако, успеси во Европа. Јас како и сите други со нетрпение ги очекуваме натпреварите од Лигата на шампионите. Ни останува само добро да се подготвиме за тој предизвик, и убеден сум дека секој ќе даде се од себе Вардар да направи успех и на меѓународна сцена. Се надевам дека тоа ќе биде ова лето и сите заедно да испишеме една успешна страница во историјата на клубот, истакна Барсегјан.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска