Барса со пресврт славеше против Билбао

Од:

Барселона го совлада Атлетик Билбао со 2:1 на домашен терен, со пресврт во финишот.

Каталонците во овој дуел влезе без неколку значајни играчи, како Виктор Валдес, Карлес Пујол, Џерард Пике, Жорди Алба и Нејмар, кои се повредени, но и суспендираниот Серхио Бускетс.

Во 50. минута, по грешката на Бартра, Адуриз го совлада Пинто. Тоа предизвика прав гнев на трибинете, а навивачите извадија бели марамчиња и бараа заминување на Тата Мартино од тренерската позиција.

Во 72. минута Дани Алвеш одлично помина по десната страна, го проигра Санчез кој лошо шутираше, а топката неочекувано стигна до Педро кој рутински ја испрати топката во мрежата за 1:1.

Веќе во наредната акција Меси беше срушен кај гостинскиот голман, Де Маркос го запре, а судијата свирна слободен удар. Се чинеше дека прекршокот беше во казнетиот простор, но судијата мислеше подругп. Тоа на Аргентинецот не му сметаше па од 16 и пол метри го проби живиот ѕид и со совлада Ираизоз за 2:1. Тоа беше голем пресврт во краток временски период.

Тимот од Ноу Камп сега на четири кола пред крајот на Примера заостануваат четири бода зад лидерот Атлетико Мадрид, кој има 85 бода. Реал Мадрид е трет со 79 бода, но и дуел помалку.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска