Барса рутински против Депортиво

Од:

Во „тест“ натпреварот пред големиот натпревар против Милан во реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите, фудбалерите на Барса го совладаа Депортиво со резултат 2:0.

Составот на Барселона, очекувано беше потполно изменет. На клупата остана Меси, Иниеста, Пике, Педро, Жорди Алба… Секако Барселона сеедно има доволно квалитетни фудбалери да освојат три бода против последнопласираниот тим во првенството.

Депортиво е единствен клуб без победа на гостински терен после 27. кола. Избраниците на Фернандо Васкез и понатаму ќе останат препознатливи по ова.

Вечерва Барселона покажа апсолутна доминација, иако мислите на играчите веќе одамна им беа насочени кон дуелот со Милан, каде „Каталонците“ ќе мораат да бркаат два гола негатива од првиот натпревар (2:0). Победата против Депортиво можеби ќе успее да ги врати фудбалерите на Барса во победнички ритам после двата порази едноподруго од Реал Мадрид.

Водечкиот погодок на вечерашниот натпревар го постигна Алексис Санчез во 38. минута, Дани Алвеш одлично нафрли од десната страна, а чилеанецот од некои осум метри со глава ја испрати топката во мрежата на Депортиво Ла Коруња. Конечните 2:0 ги постави Лионел Меси во 88. минута, кој влезе во игра во 62. минута на местото на Давид Виља.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска