„Барса“ нарача тим менаџери кои изготвија две сценарија за пандемијата

Од:

Раководството на Барселона нарача тим на менаџери да изготват посебен извештај за да ги проценат изгледите за клубот откако ќе стивне пандемијата од коронавирус.

Извештајот вклучува различни анализи и студии кои ги откриваат економските закани во новото опкружување, но и можностите што ќе бидат откриени.

„Ла Вангуардија“ ги објавува главните заклучоци од извештајот. Има развиено две опции – основни и оптимистички. Првото сценарио е пореално. Сезоната во Ла Лига воопшто нема да се игра, трансфер-прозорецот ќе биде отворен помеѓу 15 август и 15 септември, а натпреварите ќе се играат без гледачи до февруари 2021 година.

Се проценува дека Барселона би изгубила во просек 3,3 милиони евра од непродадени билети за секој натпревар без публика (тоа значи 20-25 милиони евра загуби годишно).

Оптимистичкото сценарио предвидува дека преостанатите шампионски натпревари ќе се играат меѓу средината на јуни и средината на август. Нема да им се дозволи на навивачите да присуствуваат, а ќе се вратат на стадионите што е можно порано околу средината на ноември.

Која и од двете опции да се остварат, Барселона сака да биде што е можно поподговена да се справи соодветно со промените на трендовите на пазарот, за да не заостанат зад другите големи клубови.

Би можело да ве интересира

Лингард сака да игра во Барселона

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

Алонсо не планира да ја напушти Барселона

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

„Ел Класико“ во Тексас – Барса го „сомле“ Реал

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска