Барса му нуди на Суарез седум милиони евра за раскин на договорот, играчот сака повеќе

Од:

Барселона не е во можност да се договори со напаѓачот Луис Суарез за раскин на договорот, пренесува „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на „Кадена СЕР“.

Забележано е дека Каталонците му понудија на Уругваецот отштета од околу седум милиони евра, но сумата не му одговараше на напаѓачот.

Претходно беше објавено дека Суарез сака каталонскиот клуб да му исплати плата за преостанатата година според договорот – околу 14 милиони евра.

Иако беше најавувано, Суарез нема да се пресели во Јувентус, а новиот тренер на Барселона, Роналд Куман не смета на услугите на Уругваецот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска