Барселона продолжува со бледите изданија, откако денеска на „Камп Ноу“„ одигра само 2:2 против Гетафе.
Каталонскиот тим имаше водство се до судиското продолжение, кога Лафита со удар со глава го совлада Пинто и ги шокираше домашните фудбалери.
Лионел Меси го отвори резултатот во 23. минута, а Лафита донесе израмнување пред одморот.
Санчез повторно ја доведе Барселона во водство во 67. минута, а Лафита денеска беше кобен за голманот Пинто и за навивачите на Барселона.