Барнс за романскиот судија: Како требаше да каже за тренерот освен црниот? Нема расизам во ова!

Од:

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Џон Барнс проговори за инцидентот на вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Башакшехир. Средбата беше прекината поради наводна расистичка изјава на романскиот резервен судија Себастијан Клотеску кон вториот тренер на турскиот клуб Пјер Вебо.

– Еве го стручниот штаб на Истанбул. Треба да се отстрани еден од нив, а судијата го прашува резервниот судија кој точно. Може ли некој да ми каже како судијата требаше да го назначи освен „Црниот“, кога судијата не ги знае имињата на стручниот штаб, а тие немаат бројки? Нема расизам ако некој со темна боја на кожата го наречеме црн. Резервниот судија не го знаеше името на тренерот. Шест од седум тренери што беа таму се Турци. Што друго имаше судијата да каже? – напиша поранешниот фудбалер на Твитер, приложувајќи скриншот од фотографијата на стручниот штаб на тимот од Истанбул.

Џон Барнс е со темна боја на кожата и е првиот фудбалер од оваа раса кој застана во одбрана на судијата Клотеску.

Натпреварот ПСЖ – Башакшехир прекинат вчера во 13. минута, ќе се доигра денес со нови судии.

Би можело да ве интересира

Гвардиола: Гледајќи го Баерн, не сме фаворити во ЛШ

Ана Ололовска

Реал е првиот клуб со 100 натпревари во плејофот од Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Инзаги: Натпреварот против Баерн е кулминација на петгодишната работа со прекрасен тим

Ана Ололовска

Мбапе го надмина Зидан по број на голови во плејофот во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Гризман разочаран од поразот на натпреварот со ПСЖ

Ана Ололовска

Ди Марија и Нејмар не се во комбинација за натпреварот со Барселона

Ана Ололовска