Балдини: Не ја напуштам Рома

Од:

Генералниот директор на Рома, Франко Балдини ги негираше шпекулациите дека тој и останатите челни луѓе, ќе го напуштат клубот по лошиот старт сезонава.

Во последната недела Балдини е поврзуван со Тотенхем, каде би бил еден од главните соработници на менаџерот Андреа Виљас-Боаш.

„Никој не го напушта клубот, ни јас, ниту останатите директори“, изјави Балдини и додаде „Останувам, како и сите, да ја завршиме работата која ни ја довери сопственикот, наспроти гласините кои ни малку не ни помагаат“.

Сопствениците на Рома, предводени од Американецот Томас Ди Бенедето, имаат долгорочен план, но резултатите не им одат од рака. „Волчицата“ не успеа да избори свое место во Европа оваа сезона, а во Серија А е во моментов седма, со осум бодови по шест кола.

 

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска