Баерн веднаш најде замена за Ренато Санчез

Од:

Веднаш штом Ренато Санчез одбра да го напушти Баерн Минхен за да премине во Лил, клубот реагираше и најде замена. Според „Екип“, Баварците се договориле со Марк Рока од Еспањол. Германскиот клуб ќе ја активира откупната клаузула од 40 милиони евра, а играчот од средниот ред ќе потпише за пет сезони.

Рока беше мета на Баерн порано во текот на летото, но клубот реши да не го земе, откако Санчез првично се согласи да остане. Во последната недела, сепак, Португалецот се предомисли и треба да се појави во Франција на медицински тестови во секој момент.

Рока има 22 години и делува како централен играч од средниот ред. Каталонецот е дете на Еспањол и има настапувано само за клубот. Честопати го споредуваат со Родри, кој се пресели во Манчестер Сити.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска