Баерн планира да игра пред 24.000 луѓе

Од:

Баерн (Минхен) работи на анти-епидемиски протокол што може да му овозможи на германскиот фудбалски шампион да игра пред 24.000 луѓе на „Алијанц Арена“, соопшти клубот.

– Направивме протокол за да имаме јасна идеја за тоа колку луѓе можеме да прифатиме на стадионот. Ќе бидеме задоволни со 5.000 на почетокот, иако на крајот очекуваме да играме пред 24.000, рече членот на УО, Јан-Кристијан Дрезен.

Равенката не е навистина комплицирана. „Алијанц Арена“ има капацитет од 70 илјади места и точно 24 илјади можат да бидат на трибините, доколку има метар и половина меѓу нив. Баварците обезбедија и безбедно движење во различни сектори и делови на стадионот.

– Сакаме повторно да играме пред публика, но не инсистираме на ништо, додаде Дрезен.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска