Баерн Минхен и Челзи се последните патници во четвртфиналето на ЛШ

Од:

Познати се сите четвртфиналисти во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ), откако пласман меѓу осумте најдобри екипи вечерва обезбедија Баерн Минхен и Челзи.

Германскиот првак и бранител на европската титулата триумфираше и во реванш осминафиналниот натпревар против Лацио со 2:1 и со вкупен резултат од 6:2 го елиминираше италијанскиот тим. Роберт Левандовски му донесе водство на Баерн во 32 минута од пенал, Максим Чупо-Мотинг зголеми на 2:0 во 73 минута, а конечниот резултат го постави Марко Пароло во 82 минута.

Челзи го пречека во Лондон Атлетико Мадрид со предност од 1:0 од првиот натпревар пред три недели и со головите на Хаким Зијех во 34 минута и Емерсон во четвртата минута од судиското продолжение по втор пат триумфираше (2:0) над тимот на Диего Симеоне. Шпанскиот тим мечот го заврши со играч помалку на теренот поради директниот црвен картон за Стефан Савиќ во 82 минута.

Најмногу претставници во четвртфиналето, вкупно три, има Англија (Ливерпул, Манчестер сити и Челзи, Германија има две екипи (Борусија Дортмунд, Баерн Минхен), а по еден Франција (ПСЖ), Португалија (Порто) и Шпанија (Реал Мадрид),

Жрепката за четвртфиналните двојки е закажана за в петок напладне во седиштето на УЕФА во Нион, а натпреварите ќе се играат на 6 и 7 април и на 13 и 14 април.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат