Баерн ја одржува разликата пред Баер

Од:

Остануваат деветте бодови предност за Баерн Минхен пред второпласираниот Баер Леверкузен на врвот на табелата во германската Бундес лига и по одигрувањето на натпреварите од 18.коло.

„Баварците“ во Минхен го совладаа Гројтер Фурт и не му дозволија на конкурентот од Леверкузен кој исто така на домашен терен оствари победа, да ја намали бодовната разлика.

Постигнати резултати на попладневните пет средби од 18.коло во Германското фудбалско првенство: Баерн Минхен – Гројтер Фурт 2:0, Баер Леверкузен – Ајнтрахт 3:1, Волфсбург – Штутгарт 2:0, Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах 0:0 и Мајнц – Фрајбург 0:0.

Вчера, Шалке – Хановер 5:4.

Вердер и Борусија Дортмунд својот натпревар ќе го започнат вечерва од 18 часот и 30 минути.

Два натпревари од оваа рунда ќе се одиграат утре. Двојките се: Нирнберг – Хамбургер (15:30 часот) и Фортуна Дизелдорф – Аугсбург (17:30).

Табела: Баерн Минхен 45 бодови, Баер Леверкузен 36, Борусија Дортмунд 30, Ајнтрахт 30, Шалке 28, Фрајбург 27, Мајнц 27,…

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска