Баерн или Челзи?

Од:

Лондонскиот премиерлигаш Челзи чекаше четири, а германскиот бундеслигаш Баерн само две години за повторно да се биде дел од најважниот натпревар во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Не поради подобриот квалитет, најмногу поради фактот дека денешниот финален натпревар ќе го одиграат пред верните фанови и на својот стадион „Алианц Арена”, фудбалерите на баварскиот гигант ќе ја имаат улогата на благ фаворит, а дополнителен проблем на лондонските „сини” ќе биде неиграњето на стандардните првотимци Рамирес, Џон Тери, Бранислав Ивановиќ и Раул Меирелеш.

Слични проблеми со суспендирани фудбалери има и предводникот на Баерн, Јуп Хајкенс, кој нема да може да смета на услугите на Давид Алаба, Луис Густаво и Холгер Бадштубер.

„Очекувам отворен натпревар, шансите се 50-50, но мислам дека ние имаме мала предност зашто играме на нашиот терен. Тоа е нешто специјално, да играш финале во Лигата на шампионите пред верните фанови. Нешто невидено, нешто што не се случило. Голема шанса која мора да ја искористиме. Противникот е доволно искусен, тим полн со ветерани кои играат заедно многу сезони. Сакаат да го освојат најважното нешто во клупскиот фудбал. Тука ја гледам опасноста кон нашиот гол“, изјави тренерот на Баерн (М), Јуп Хајкенс.

Менаџерот на Челзи, Роберто ди Матео е во паника и поради неизвесниот настап на централните дефанзивци, Давид Луиз и Гери Кејхил.

„Мислам дека ќе бидат подготвени за финалето. Мора да ризикувам, мора да им го зголемам темпото на работа. Подготвени се да тренираат со полна пареа. Немаме друга опција, мора да стиснат заби. Точно дека играме во Минхен, но ние покажавме дека можеме да се вратиме непоразени од гостувањето во Барселона. Нема фаворит според мене, ќе победи тој што нема да направи грешка и тој што ќе ги искористи шансите пред противничкиот гол. Очекувам цврст натпревар и борба за секоја топка“, изјави италијанскиот стручњак.

Најголема одговорност во дресот на Челзи ќе има Франк Лампард кој ќе ја има и честа да ја носи капитенската лента во можеби најважниот натпревар во неговата кариера.

„Мора да се носиме со силата и квалитетот на Баерн. Ќе направиме грешка ако се фокусираме само на Рибери и на Робен. Противникот има многу добри фудбалери, не зависи само од Робен и Рибери. Играат колективно, мора да најдеме начин за да ги повредиме, за да ја растуриме таа целина“, изјави репрезентативецот на Англија.

Можни состави: Баерн Минхен: Ноер, Лам, Боатенг, Тимошчук, Контенто, Швајнштајгер, Крос, Робен, Милер, Рибери, Гомез.

Челзи: Чех, Кол, Кејхил, Луиз, Босингва, Микел, Лампард, Калу, Мата, Стариџ, Дрогба.

Почетокот на финалето е закажан во 20:45, а главен судија ќе биде Педро Пруенса од Португалија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат