Бабунски: Добро ќе се подготвиме за реваншот

Од:

Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски, на прес-конференцијата по натпреварот во Ереван, изјави дека на реваншот очекува неговиот тим да се покаже во подобро светло.

Македонскиот клуб беше поразен со минимални 1:0 на гостувањето кај Пјуник во воведното квалификациско коло за Лига Европа, а Бабунски на домаќините им честиташе за победата.

– Знаевме дека ќе биде тешко, знаевме дека нè чека тешка задача и така се покажа. Ова е само прв дел од овој двомеч. Се надевам дека во Скопје ќе се покажаме во подобро издание. Шансите и натаму се присутни, нема да се предадеме, ќе се обидеме добро да се подготвиме за реваншот и нормално посакувам резултат кој ќе нè однесе во следната рунда. На крајот честитки до Пјуник за победата, изјави тренерот на Вардар.

Реванш натпреварот се игра за седум дена во Скопје.