Тенисерката од Белорусија, Викторија Азаренка успеа да се пласира во четвртфиналето на УС Опен во Њујорк откако во последниот меч од осминафиналето ја победи Ана Ивановиќ од Србија.
Ивановиќ го доби првиот сет со 6:4, а потоа Азаренка направи пресврт добивајќи ги следните два сета со 6:3 и 6:4 во сетови.
Во четвртфиналето Азаренка ќе игра против Даниела Хантукова од Словачка.
Од четвртфиналните мечеви вечерва на програмата се мечевите Екатерина Макарова (Русија) – На Ли (Кина) и Серена Вилијамс (САД) – Карла Суарез Наваро (Шпанија).
Од машките осминафинални мечеви вечерва на програмата се дуелите: Михаел Јужни (Русија) – Лејтон Хјуит (Австралија), Новак Ѓоковиќ (Србија) – Марсел Гранољерс (Шпанија), Енди Мареј (Велика Британија) – Денис Истомин (Узбекистан) и Станислав Вавринка (Швајцарија) – Томаш Бердих (Чешка).