Азар се врати на тренинзите, но сè уште не работи со полн интензитет

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше за статусот на фудбалерот од средниот ред Еден Азар.

– Тренира, ама сè уште не може да игра. Тој се врати на тренинзите, но не е вклучен во групната работа. Оваа недела ќе видиме како ќе му оди. Ќе му треба малку време да се врати во форма. Верувам дека Азар го може тоа, изјави Зидан.

Што се однесува до Бејл, ќе дознаете утре кога ќе се појави во составот. Некои работи се случуваат, но јас не сум тука да зборувам за нив. Секој сака тој да биде во ред и да не чувствува непријатност. Тој е скоро во совршена состојба, додаде тренерот Зидан.

Утре Реал Мадрид ќе игра против Сарагоса во натпреварот во Купот на Шпанија. Натпреварот ќе почне во 21 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска