Азар се повреди, нема да дебитира утре

Од:

Најскапата набавка на Реал Мадрид ова лето, Еден Азар нема да игра во утрешниот натпревар против Селта – првиот официјален меч на „белите“ оваа сезона.

Белгискиот играч од средниот ред добил растегнување во левата нога за време на денешниот тренинг. Сè уште не е јасно колкав ќе биде периодот на опоравување. Според шпанските медиуми, тој ќе се лекува 3-4 недели.

Реал Мадрид гостува во Виго утре од 17:00 часот. Азар се очекуваше да биде носител против „небесно-сините“.

Без него, Зинедин Зидан ќе избере некој од Хамес Родригез, Герет Бејл, Виничиус Јуниор, Лука Јовиќ и Лукас Васкез.

Би можело да ве интересира

Енрике конечно повика фудбалер од Реал во репрезентацијата

А1он

Неколку премиерлигаши заинтересирани за услугите на Азар, Реал е подготвен да го пушти Белгиецот

А1он

Барселона без Араухо, Дембеле и Педри на дербито со Реал

А1он

Давид Алаба е позитивен на коронавирусот, само што дојде во Реал

Жарко Настоски

Азар предводник на петте најплатени фудбалери кои често се повредуваат

Ана Ололовска

Челзи и Реал ремизираа, борбата за финале отворена пред реваншот

Жарко Настоски