Азар: Ова е најлошата сезона во мојата кариера

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар изјави дека и покрај освојувањето на титулата во Ла Лига со кралскиот клуб, ова беше неговата најлоша сезона во неговата кариера.

Во интервју за порталот „Франс инфо“, Азар призна дека имал многу проблеми оваа година и дека ништо не било како што планирал.

– Сигурно е дека ја имав најлошата сезона во кариерата. Имаше повреди, се надевам дека следната сезона ќе биде подобра. Иако оваа година не беше одлична за мене, да дојдам овде и да ја земам титулата во првата сезона, едвај можев да посакам нешто подобро. Ја освоивме титулата како тим, а на индивидуално ниво, навистина имав најлоши моменти во мојата кариера, рече Белгиецот.

Тој сè уште не е 100% подготвен да игра, па нема да игра против Леганес на последниот натпревар во Ла Лига.

– Беше чудна сезона, сè се случуваше. На крајот, испадна добро, но мислам дека би можело да биде подобро ако го прескокнеме Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Следниот трофеј е тој од ЛШ, иако знам дека ќе биде тешко да се постигне, затоа што играме против Сити, кој има предност од првиот меч од 2:1 и се многу добар тим, заклучи фудбалерот на Реал.

Тој има постигнато еден гол на 21 натпревар оваа сезона.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во болница во Мадрид, има и загинати

Амбасадата на Украина во Мадрид примила „крвав пакет“, полицијата ја огради областа

Горан Наумовски

ВИДЕО: Автомобил влета во група луѓе во Мадрид, четворица загинати

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голема експлозија предизвикана од истекување на гас разнесе зграда во Мадрид

А1он

ВИДЕО: Илјадници луѓе излегоа на анти-НАТО протест во Мадрид

Катерина Ѓуровски

Градоначалниците на европски метрополи насамарени, разговарале со лажен Кличко

Катерина Ѓуровски