Автомобили без возачи – иднината на превозот

Од:

Со замената на возачи склони на несреќи со напредни компјутерски системи, бројот на загинатите и повредените значително ќе се намали.

Минатиот месец компанијата Нисан Мотор објави планови за покренување на технологија на автономно возење на своите возила до 2016 година. Новите автомобили ќе можат сами да се паркираат, а до 2018 година ќе можат сами да возат на пат со повеќе ленти, ќе ја проценуваат опасноста, а со тоа и насоката на движењето.

Во новите обиди Нисан се приклучи на Форд, кој неодамна објави партнерство со Универзитетот во Мичиген, со кој ќе развие истражување на автономно возење, како и Мерцедес, Ауди, Тесла и Гугл во трката за производство на прв автомобил без возач за општа употреба.

Се чини дека Нисан и Гугл, чии модели поминаа над 700.000 километри пад на јавни патишта без несреќи, се на чело на трката, па ветија модели за општа употреба до 2017 и 2020 година.

Претходните проценки покажуваат дека до 2040 година и до 75 проценти од американскиот возен парк ќе биде автономно.

По пробното возење на автомобил без возач во 2013 година Бил Шустер, пратеник на Комисијата за транспорт на американскиот Пратенички дом, изјави дека технологијата на автомобилите без возачи е иднина на превозот.

Нови закони

Како што се ближи моментот кога оваа технологија ќе биде достапна на корисниците, законодавците одредуваат соодветно ниво на регулативи.

Ако законодавците одлучат да застанат на пат на автомобилите без возачи, тие само ќе ја одложат новата ера на транспортната безбедност и мобилност.

Четири американски сојузни држави, Калифорнија, Невада, Мичиген и Флорида, донесоа закони со кои се дозволува користење на автомобили без возачи, на јавните патишта. Оваа технологија има потенцијал годишно да спаси илјадници животи, значително да ги намали сообраќајните гужви, да ја зголеми мобилноста на тие луѓе кои моментално ја немаат.

Самостојните возила возат без човечка интервенција (и сите нејзини слабости). Тие користат напредни компјутерски системи, кои реагираат многу побрзо на сообраќајот и пешаците отколку човечкиот мозок. Автомобилите на Гугл користат комбинација на радари, ласери и камери на кровот на возилата и моментално детектираат пешаци, пречки и инфраструктура.

Нивните камери покриваат 360 степени, имаат сензори кои прикажуваат обележја на блиски патишта, семафори, сообраќајни знаци и пешаци. Технологијата на Гугл создава 3Д мапа секогаш кога автомобилот ќе помине одредена рута, па постојано ја ажурира за да се подобри способноста на возењето.

Така сензорите на автомобилите, ако ненадејно се појави пречка како што е дете кое истрчало на улица, побрзо ќе ја препознаат опасноста од човечкото око и веднаш ќе закочат.

Предноста на зголемената безбедност ќе може да се види откако моделите за општа употреба ќе почнат да се појавуваат на патиштата. Рај Рајкумар, врвен истражувач на автомобили без возачи, објаснува: Бидејќи на компјутерот не можеме да му го одвлечеме вниманието и не може да биде поспан или лут, тој не прави уште посигурни. Оваа технологија тоа го ветува.

Проценките покажуваат дека 93 отсто несреќи се предизвикани од човечки фактор, како пребрзо возење, мала концентрација, возење во пијана состојба, агресивно возење, како и замор кај возачите.

Замената на возачи склони на несреќи со напредните компјутерски системи, бројот на загинатите или повредените Американци, кој изнесува 35.000 загинати и 4 милиони повредни, драстично ќе се намали.

Одложувајќи го масовното усвојување на комплицираните прописи, како тие во дистриктот Колумбија, законодавците во целост ги занемаруваат одличните можности за зголемување на безбедноста на патниот сообраќај.

Четири проблеми

Автомобилите без возачи, исто така ветуваат предност во ефикасноста. Повеќе автомобили ќе можат да се возат по ист пат, бидејќи напредните компјутерски системи ќе ја намалат потребата за оддалеченост меѓу автомобилите.

Тие можат драстично да ги намалат гужвите во сообраќајот, кои американската економија ја чинат 100 милијарди долари годишно, а резултат на тоа е дека Американците трошат речиси 2 милијарди тегли гориво.

Помалите гужви значат помалку нервирање за возачите и помало загадување на воздухот предизвикано од сообраќајните гужви.

Со други зборови, автомобилите без возачи ќе направат, американскиот возен парк да стане еколошки подобар без комплицираните државни прописи. Поради намалениот број на несреќи возилата би можеле да се произведуваат од полесни материјали, бидејќи заштитата од судари многу зависи од масата на возилото. Полесниот возен парк користи и помалку гориво.

Со помош на самостојните возила, инвалидите, постарите лица, младите, сиромашните и пијаните ќе ја зголемат мобилноста без да се грижат за својата безбедност. Тоа значи дека родителот повеќе не мора да биде на две места во исто време за да биде сигурен дека нивното дете ќе стигне на тренинг по фудбал, пијаните посетители на клубовите нема да возат лошо во три часот наутро, а постарите возачи, чии реакции се забавени, нема да се најдат зад воланот. Автомобилите без возачи можат да обезбедат мобилност на сите овие луѓе, додека ја зголемува безбедноста.

За да биде јавно прифатена, оваа технологија мора да одговори на четири проблеми. Првиот е што автомобилот без возач создава многу голем страв од непознатото. Брајант Волкер Смит од Универзитетот Стенфорд вака ја формулира статус кво удобноста: Доволен е само еден наслов во весник – Машината уби дете, наспроти 30.000 посмртници годишно на луѓе кои загинале на патиштата.

Вториот проблем е тоа што постојат вистински проблеми поврзани за одговорноста и обезбедувањето на овие возила.

Третиот проблем е тоа што некои изразија загриженост за безбедноста на компјутерскиот систем. На пример, што ако овие автомобили можат да се хакираат?

Четвртиот проблем е што некои веруваат дека автономната технологија ќе ја зголеми невработеноста, но тие мора да сметаат дека трошоците на патувањата ќе се намалат за сите корисници.

Овие проблеми лесно се совладливи и би исчезнале кога ќе се споредат со надмоќните докази кои говорат за способноста на автомобилите без возачи, да спасат животи.

Делумната причина на одложување на употребата на оваа технологија е таа што програмерите проверуваат дали се решени сите технички проблеми. Осигурителните куќи зад нив никогаш не заостануваат толку да не можат да понудат некои нови полиси за осигурување.

Што се однесува до вработувањето, постојат многу можности за ширење на работната сила. А многу долгите патувања на новите работни места се многу попривлелни кога може да се спие или да се работи додека патувате до работното место.

Ниту една друга иновација не ја зголемила мобилноста како автомобилот. Автомобилот без возач нуди целосно нова димензија на мобилноста, која претходно не беше можна. Оваа технологија ќе биде најрадикална промена на американскиот копнен превоз, од кога пред повеќе од половина век е изграден меѓудржавниот систем на автопатиштата.

Мелани Шулц ван Хаген, министерка за инфраструктура и природа во Холандија, рече дека за 20 години развој во оваа област, ќе се промени односот меѓу возачите и возилата, повеќе од што се променил во изминатите 100 години.

Новите закони или збунувачките правила можат да доведат до поголеми трошоци и одложување во трансформацијата на американскиот возен парк. Одговорните законодавци треба да дадат се од себе, да овозможат безбедност на сите Американци.

Спасувањето на илјадници човечки животи, стотици луѓе од повреди и заштеда на милијарди долари секоја година е племенита цел која целосно е изводлива во следните 10 години со автономниот транспорт.

Ал Џезира – Доха

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ

Leave a Comment

3 × one =