Авто-пилотот на моделите на „Тесла Моторс“ во Германија прогласен за небезбеден

Од:

Во германското Министерство за сообраќај сметаат дека технологијата на авто-пилот во автомобилите на „Тесла“ е „многу опасна на патиштата“.

Министерството наведува дека интерните тестови покажале некои слабости на оваа технологија, како дека системот не го предупредува возачот кога авто-пилотот ќе наиде во ситуации што софтверот не може во целост да ги препознае. Освен тоа, се тврди дека имало проблеми со функциите на автоматското запирање во случај на опасност.

Министерството за сообраќај до овие заклучоци дошло по тестовите што требаше да послужат за проценка на ефикасноста на технологијата на авто-пилот на моделите на „Тесла“. Со оглед на фактот дека тестовите се уште траат, сепак, конечниот извештај за теслиниот систем за авто-пилот не е комплетен.

Германските власти посебно внимаие и посветија на оваа технологија откако кон крајот на 2015 година првиот човек на „Тесла Моторс“, Илон Маск, призна дека авто-пилотот се уште е во таканаречена „бета“ или недовршена верзија.

Официјални лица во Германија тоа го протолкуваа како навестување дека оваа технологија, сепак, не е подготвена за употреба во секојдневниот сообраќај, на јавните патишта. Најмногу стравови предизвика несреќата која се случи во мај 2016 година, кога во Флорида загина возач на моделот „Тесла С“, а истрагата покажа дека во моментот на несреќата автомобилот се наоѓал во режим на возење со авто-пилот.

Во текот на 2016 година имаше уште неколку тешки сообраќајни несреќи со „Моделот С“, но засега ниту во еден случај не е потврдено дека е одговорен авто-пилотот.

Во меѓувреме, „Тесла Моторс“ го унапреди софтверот во своите модели, а најзначајното подобрување се однесува на безбедноста на возењето во авто-пилотот мод.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска