Австрија: Петмина кошаркари уапсени за местење натпревари

Од:

Петмина професионални кошаркари од австрискиот тим УБСЦ Грац се уапсени под сомнение за местење натпревари. Тие се сомничат дека натпреварите ги наместиле за нивниот тим, соопшти Хансерг Бахер, претставник на Државното обвинителство за Грац.

Имињата на уапсените не се објавени. Неофицијално, се работи за двајца Американци и, како што пренесуваат медиумите – тројца играчи од поранешна Југославија.

Кошаркарите биле уапсени затоа што, според Обвинителството, постои ризик да избегаат и да се обидат да сокријат докази.

Првите рочишта веќе се одржаа, но обвинителството не соопштува подробности.

Генералниот директор на првиот тим во Грац, Михаел Фукс, рече дека знаел само дека петмина играчи се уапсени и дека не знае повеќе детали.

На интернет-страницата на клубот се наведува дека во првиот тим, по потекло од поранешна Југославија, се играчите Драго Брчина од Словенија, Хрватите Марко Цар и Матија Пошчиќ, како и Австриецот Томислав Рашиќ.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ