Австралиските медиуми го бркаат Ѓоковиќ

Од:

Речиси идентични наслови се појавија во многу австралиски весници во саботата наутро, испраќајќи јасна порака во врска со случајот со Новак Ѓоковиќ.

„Надвор!“ пишува на насловната страница на Хералд Сан.

Истото е и на насловната страница на весникот „The Age“, каде со големи букви се уште е нагласено дека „на ѕвездата и е одбиена визата“.

Истиот збор „надвор“ доминира во „Sidnay Morning Herald“.

Дејли Телеграф беше малку „покреативен“, па на неговата насловна страница пишува:

„Џок Блок“, што навестува дека Србинот ќе биде спречен да игра на Австралија опен.

Да потсетиме, на Новак во петокот наутро му беше одбиена визата, а потоа стигна веста дека повторно е во притвор, додека времето до почетокот на турнирот се скратува.

Променето е и местото на одлуката, па за неговата судбина ќе одлучува Сојузниот суд.

Ѓоковиќ ќе се појави на суд во 22.00 часот по српско време.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата