Австралиската Влада ја поддржа кандидатурата на Бризбејн за ЛОИ 2032

Од:

Намерата на австралискиот град Бризбејн да ги организира Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2032 година доби поддршка од премиерот на државата Скот Морисон, кој го извести Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека властите цврсто стојат зад кандидатурата.

– Сите нивоа на Владата соработуваат на кандидатурата на Бризбејн 2032 и нема ништо да препуштиме на случајноста. Сакаме да бидеме партнер од доверба во овие несигурни времиња и би било голема чест за Австралија повторно да биде домаќин на Игрите, изјави Морисон во кратко видеообраќање до МОК.

Австралија досега два пати беше домаќин на ЛОИ, во Мелбурн во 1956 и во Сиднеј во 2000 година.

Бризбејн е главен и најнаселен град во сојузната држава Квинсленд, а со своите два милиони жители е трет град по големина во Австралија.

Би можело да ве интересира

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј