Авионот на Лионел Меси принудно слета во Брисел

Од:

Приватниот авион на Лионел Меси принудно слета на аеродромот во Брисел.

Причина, како што пишуваат странските медиуми, е дефект на леталото.

Според британски „Сан“, приватниот авион на Меси полетал од Аргентина кон Бразил за потоа да се упати кон Тенерифе на Канарските Острови, но итно бил приземјен во Брисел во 9:10 часот по локално време.

Еден час подоцна повторно полетал, но во воздух се задржал само 43 минути по што се вратил на аеродромот во Белгија.

Засега нема информации кој бил во авионот и дали меѓу патниците бил и Меси или членови на неговото семејство.

Аргентинската фудбалска ѕвезда веќе две години го поседува авионот што го плати 11 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ