Аутсајдерот Руиз го порази Џошуа

Од:

Анди Руиз Јуниор синоќа го шокираше светот откако како предизвикувач убедливо го порази унифицираниот шампион во тешка категорија Антони Џошуа.

Дуелот траеше седум рунди, а Руиз победи со технички нокаут, откако претходно му зададе четири нокдауни на Британецот Џошуа, кој не се прослави во својот прв настап во САД, каде го претрпе и својот прв пораз во кариерата.

Актуелниот шампион Руиз, кого пред мечот сите го сметаа за аутсајдер, во дуелот влезе како замена на Џарел Милер, кој испадна позитивен на допинг тестот.

Со оваа победа Руиз јуниор стана сопственик на титулите на ИБФ, ВБА и ВБО.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хабиб повика Конор да биде уапсен откако истепа постар човек во бар

Татјана Ташкова

Џошуа и Руиз потпишаа договор за реванш во Саудиска Арабија

Пакиао повторно го предизвика Мејведер

Ана Ололовска

Пакиао го одзеде појасот на Турман во велтер категоријата

Фјури: Ќе го претепам дебелкото Руиз

Ана Ололовска

Фјури за реваншот со Вајлдер: Овој пат нема да претерувам со алкохолот, ќе го нокаутирам

Ана Ололовска