„Ауди“ почна тестови на новата генерација на моделот А6 на јавни сообраќајници, за што сведочат првите фотографии на „камуфлираниот” прототип.
Новиот А6 треба да ги преземе стилските детали од концептот „Пролог“, а автомобилот ќе биде поставен на МЛБ механичка платформа на групацијата „Фолксваген“, чија конструкција во голема мера е изработена од алуминиум и челик со висока цврстина, па се очекува и солидна заштеда во вкупната маса на возилото.
Основата на моторот ќе ја сочинуваат четрицилиндерски бензински и дизел турбо агрегати, како со и со шестцилиндерски агрегати кои ќе бидат погон на моќните гама модели.
Во согласност со современите трендови, се очекува и хибридна варијанта која освен конвенционален, ќе има и електричен мотор.
Во врвот на понудата најверојатно ќе се најде верзија со 4.0 В8 агрегат.
Се очекува новиот „Ауди А6“ да има премиера во текот на 2018 година.