Атлетико сака да го продолжи договорот со Симеоне до 2024 година

Од:

Атлетико сака да го обнови договорот со главниот тренер на тимот Диего Симеоне.

Според „Ас“, клубот од Мадрид веќе го известил Аргентинецот дека има намера да го продолжи договорот до 2024 година. Тренерот, чиј тековен договор со клубот истекува во јуни 2022 година, е подготвен да потпише нов договор.

Клупски извори велат дека Симеоне, кој заработува 32 милиони евра годишно пред оданочување и е најплатен тренер во светот, е подготвен да ги намали финансиските барања со оглед на кризата со пандемијата на коронавирус.

Наталија Симеоне, агент и сестра на тренерот, наскоро ќе преговара за новиот договор.

Симеоне го презеде раководството на Атлетико во 2011 година. Под негово водство, клубот ја освои Ла Лига, Купот на Шпанија и Суперкупот, двапати ја освои Лигата на Европа и играше двапати во финалето на Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска