Атлетико Мадрид заинтересиран за Андре Шурле

Од:

Германскиот фудбалски репрезентативец Андре Шурле по само една сезона мината во редовите на премиер лигашот Челзи би можел да го напушти лондоснкиот клуб и да мине во редовите на Атлетико Мадрид, пишува „Дејли Ексрпес’’.

Според весникот, Диего Симеоне тренерот на шпанскиот првак ќе се обиде да го искористи пријателскиот однос со менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо.

Твредењата на весникот се базираат на трансферите кои летово се случија на релација Мадрид – Лондон, при што Симеоне без никакви условувања дозволи Диего Коста и Филипе Луис да го напуштат „Винсенте Калдерон’’ и да минат на „Стенфорд Бриџ’’.

На пишувањата на „Дејли Експрес’’, се надоврзува и фактот дека на Мурињо во моментов на располагање има еден странец повеќе пред пријавувањето на составот кој ќе настапува престојната сезона во Премиер лигата.

Имајќи во предвид дека на најголемата конкуренција е на позицијата на која игра Шурле, многу лесно може да се обистинат тврдењата на англискиот весник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска