Атлетико ќе испраќа понуди до Манчестер за Хернандез и Кагава

Од:

Шпанскиот фудбалски шампион Атлетико Мадрид ќе му понуди на Манчестер Јунајтед 32 милиони евра за двајца фудбалери кои најчесто беа резерви во тимот од „Олд Трафорд“, објавија англиските медиуми. Интересни за Атлетико се Мексиканецот Хавиер Хернандез Чичарито и Јапонецот Шинџи Кагава.

Според тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне, двајцата играчи се вклопуваат во неговата „борбена“ формација и тој сака да ги има на располагање за новите предизвици во Примера, и во Лигата на шампионите.

Чичарито во текот на овој преоден период беше цел на неколку италијански клубови, додека Кагава кој во Јунајтед пристигна од Борусија Дортмунд, пред неколку дена одби понуда од Волфсбург да се врати во германската Бундеслига.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика