Атланта ја забележа и 12. победа во серија или 26. на последните 28 натпревари во НБА лигата и тоа на гости кај еден од најсилните состави на Истокот, Чикаго со 107:99 со што го задржа првото место на Истокот.
Перо Антиќ на овој натпревар доби заслужен одмор но и натаму е со солиден учинок од 6.3 поени по меч.
Тимот го предводеа Корвер со 24 (7 тројки) и Ал Хорфорд со 22 поени. Кај домаќинот Роуз имаше 23 поени 10 асистенции и 8 скока.