Артета восхитен од физичката подготовка на Обамејанг

Од:

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја коментираше подготвеноста на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

– Не би рекол нешто посебно доколку Обамејанг само постигне гол, тоа е негова работа. Сега покажува нешто што никогаш не сум го видел. Се издвојува по тоа како трча, како врши притисок, примањето на топката, движењето на теренот. Не стои и не чека прилика да постигне гол. Ми се допаѓа оваа верзија на Обамејанг, изјави Артета за „Скај спортс“.

На осум натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Обамејанг постигна четири голови и една асистенција.

Арсенал се наоѓа на 10. место во поредокот со 14 бодови.

Би можело да ве интересира

Агентот на Озил до Артета: Или зборувај ја вистината или молчи

Жарко Настоски

Артета: Мотивирани сме да победиме

А1он

Артета: Верувам дека Обамејанг нема да си оди по финалето на ФА купот

Жарко Настоски