Артета: Одлуката за повлекување на Озил од составот е донесена исклучиво од фудбалски причини

Од:

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја коментираше одлуката за изземање на играчот за врска Месут Озил од составот за Лигата на шампионите за сезоната 2020/21.

– Одлуката за повлекување на Oзил од апликацијата е донесена исклучиво од фудбалски причини. Совеста ми е чиста, затоа што бев искрен со Месут. Имам многу високо ниво на комуникација со него, знаеме што да очекуваме едни од други. Тој имаше шанси како и сите други. Жал ми е што морав да повлечам тројца играчи од составот, но притоа се обидов да ги погледнам во очи. Мојата работа е да ги натерам играчите да ги покажат своите најдобри квалитети. Сега чувствувам дека не успеав во овој поглед, бидејќи сакам Месут да игра во неговата најдобра форма во тимот, рече Артета за „Скај Спорт“

Претходно, 32-годишниот Германец објави писмо во кое упати обвинувања кон клубот и изрази разочараност што е избришан од тимот за дуелите во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска