Артета: Играњето против Лидс е како да одите кај заболекар

Од:

Играњето против Лидс е како да одите кај стоматолог. Ова го изјави Микел Артета по тешката победа над Арсенал синоќа.

Шпанецот го пофали противникот кој доминираше во првото полувреме и создаде серија ситуации,кои што ги промаши. Во второто, сепак, домаќините се подобрија и запишаа победа со гол на Рис Нелсон.

– Тие се кошмар за кој било тим. Како што реков пред натпреварот, играњето против Лидс е како да одите кај заболекар. Воопшто не е пријатно, затоа што тие отежнуваат многу, играат напорно и се одличен тим. Тие успеваат да покажат високо ниво на секои 3 дена и она што го изградија е навистина многу сериозно. Секој пат кога ќе се анализираат нивните натпревари, токму тоа се гледа, изјави Шпанецот

Најголемата промена по паузата, според Артета, била во ставот и подобрувањето на агресијата и интензитетот на тимот.

– Јас продолжувам да учам нови работи секој ден за момчињата, нивните реакции, кога заостануваат и кога водат. После победата над Манчестер Јунајтед, тие можеби се опуштија, но треба да бидат свесни дека сега не е време за тоа и ако не сме на вистинско ниво, ќе страдаме, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Арсенал го потврди и трансферот на холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер

Предраг Петровиќ

Ужасни сцени: Се запали авионот на фудбалерките на Арсенал

(ВИДЕО) Мајсторија: Фудбалерот на Спортинг од центарот постигна гол против Арсенал

Предраг Петровиќ

Чудесен пресврт на Арсенал, победи и Челси

ВАР-судијата „заборавил“ да ги нацрта офсајд-линиите при голот на Брентфорд?

Горан Наумовски

Арсенал се сопна дома против Брентфорд