Премиерлигашот Арсенал испратил понуда до Каспер Шмајхел кој сезонава настапува за Лечестер.
Синот на легендарниот Петер Шмајхел беше еден од најзаслужните за освојувањето на првото место на неговиот тим во втората лига, но голема е веројатноста дека тој нема да брани за Лечестер следната сезона во Премиер лигата.
На Шмајхел договорот му истекува на крајот на сезоната и според најавите тој ќе го напушти клубот. Арсенал по завршувањето на првенството ќе остане само со голманот Војчех Шчесни, а од клубот ќе си заминат Лукаш Фабијански и Емилијано Вивиано, па менаџерот Арсен Венгер е во потрага по нов голман.
Интерес за Каспер Шмајхел од порано пројавија уште и Милан, Саутемптон и Олимпијакос.