Арсенал не сака да игра со Ливерпул

Од:

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери се пошегува дека воопшто не сака неговиот тим да игра со Ливерпул. Во саботата, тимот од Мерсисајд ги ​​пречекува „топџиите“ во клучен натпревар од третото коло во Премиер лигата.

Досега, Ливерпул и Арсенал се единствените две екипи кои имаат 6 бода по првите две кола.

– Ако зависи од нас, ние никогаш не би сакале да играме против Ливерпул. Ние би сакале да не излегуваме против нив. Ова е вистински предизвик и многу добар тест за нас. Многу е добро што одиме таму со шест бода. Нашата цел е да го скратиме растојанието од Ливерпул и Манчестер Сити. Ова е шанса да покажеме колку сме силни, рече Емери, кој навести дека може да се обложи на своето ново напаѓачко трио Александар Лаказет – Пјер-Емерик Обамејанг – Никола Пепе.

Тројцата ќе се обидат да ја измерат силата со екстремниот напад на Ливерпул, изграден од Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска