Арсенал му нуди на Обамејанг плата од 12 милиони евра по сезона

Од:

Арсенал има намера да го задржи напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг и е во преговори со него за нов договор. Лондонскиот клуб му нуди на 30-годишниот Габонец договор до 2023 година со плата од 12 милиони евра по сезона, објави на Твитер, новинарот Никола Скира.

Сегашниот договор на играчот со „Топџиите“ истекува летото 2021 година.

Во сезоната 2019/20, Обамејанг има 20 голови и една асистенција на 32 натпревара за Арсенал.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на фудбалерот на 50,4 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Матиќ го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до 2023 година

Ана Ололовска

Алкантара се договори со Ливерпул

Ана Ололовска

Новинар го изнервира Клоп по фијаското против Сити

Ана Ололовска

Премиер лига: Сити го декласира шампионот со 4:0

Ана Ололовска

Арсенал преговара со Реал за Себаљос

Ана Ололовска

Вилијан е првиот фудбалер во последните четири години кој постигна гол од пенал и од слободен удар на еден натпревар во Премиер лигата

Ана Ололовска