Фудбалерите на Арсенал постигнаа победа на последниот натпревар од 36.коло од Премиер лигата одигран синоќа и со тоа се зацврстија на 4.место на табелата со четири бодови пред Евертон.
Арсенал го совлада Њукасл со 3:0, а стрелци на головите беа Лорен Кошчиелни (26.минута), Месут Озил (42) и Оливие Жиру (66).
Со новите три бодови Арсенал има вкупно 73, а зад него е Евертон со 69.
Популарните „топџии“ се во позиција во последните две кола да стигнат и до второто место доколку ривалите од врвот (Челзи и Манчестер Сити) направат кикс во последните две кола.
Лидер на табелата е Ливерпул со 80 бодови, пред Челзи со 78 и Манчестер Сити со 77, а „граѓаните“ имаат и натпревар помалку. Њукасл со 46 бодови се наоѓа на 9.место.