Арсенал ќе се обиде да го врати Ремзи

Од:

“Арсенал” ќе се обиде да го врати Арон Ремзи само една година откако фудбалерот одлучи да замине и да ја продолжи кариерата во “Јувентус”.

Италијанскиот шампион го привлече Велшанецот како слободен агент, но 29-годишниот играч од средниот ред има потешкотии да се прилагоди во Серија „А“.

Пред една недела, „Тутоспорт“ излезе со информации дека Ремзи може да го напушти “Јуве” во текот на летото.

Од почетокот на сезоната, играчот од средниот ред има само 19 натпревари за “Јувентус”, повеќето од нив како резерва.

Сепак, Маурисио Сари го бранеше Велшанецот пред денешното полуфинале со “Милан” во ‘Купот на Италија”, велејќи дека играчот ја враќа довербата, иако му беше тешко да се прилагоди по неговиот долг престој во ‘Премиер лигата”.

Ремзи помина 11 години во “Арсенал”, одигра 371 натпревар и постигна 64 гола за лондонскиот тим.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска