Арсенал и Дортмунд го следат Мојс Кин

Од:

Арсенал, Севиља, Евертон и Борусија Дортмунд имаат голем интерес за младата ѕвезда на Јувентус, Мојс Кин. Сепак, „старата дама“ нема лесно да се откаже од италијанскиот репрезетативец. 19-годишниот напаѓач се проценува на 30 милиони евра, а откупната клаузула во неговиот договор е 40 милиони евра.

Медиумите во Италија известуваат дека Јуве може да го продаде Кин до крајот на летото, но под одредени услови. Тоинскиот тим сакаат да го продадат момчето за 30 милиони евра, но во договорот да има опција да се врати за 40 милиони евра. Според таквата шема, Реал Мадрид неодамна го врати Алваро Мората од „Алијанc“ стадионот.

Во оваа верзија Кин редовно ќе игра и ќе се развива, а воедно веројатно ќе ја зголеми цената, нешто од што Јувентус сака да ги искористи.

Кин постигна 6 гола во 13 натпревари минатата сезона, а неговата добра форма му донесе деби за националниот тим на Италија, каде што постигна два гола во три натпревари.

Би можело да ве интересира

Манчестер јунајтед го гледа Муса Дембеле како замена за Рашфорд

Ана Ололовска

Гвардиола до ФА: Намалете го бројот на натпревари

Ана Ололовска

Англиската Премиер лига најдобра на светот, македонската Прва лига на 77. место

Ана Ололовска

Покетино може следната сезона да го предводи Манчестер јунајтед

Ана Ололовска

Клоп дава 60 милиони евра за Тимо Вернер

Предраг Петровиќ

Вернер сака да замине во Ливерпул

Ана Ололовска