Арсенал го донесе Одегард

Од:

Норвешкиот играч за врска на Реал Мадрид Мартин Одегард премина во редовите на Арсенал, како позајмен играч до крајот на сезоната, соопштија денеска двата клубови.

Одегард, кој сезонава во шпанскиот првак имаше скромна минутажа, сакаше да замине на позајмица во шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад, каде лани одигра 36 натпревари и постигна седум голови, меѓутоа Реал не даде согласност за таков трансфер и постигна договор со Арсенал.

-Одлично е што успеавме да обезбедиме Одегард да биде со нас до крајот на првенството. Иако е сè уште млад, веќе подолго време игра на врвно ниво. Мартин ќе ни понуди квалитетна офанзивна опција и сите сме многу возбудени што можеме да го вклучиме во нашите редови, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Одегард (22) е вториот фудбалер кој Реал го испраќа на позајмица во премиерлигашот од Лондон, каде минатата сезона од Мадрид пристигна Дани Себалос.

Би можело да ве интересира

Арсенал го потврди и трансферот на холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер

Предраг Петровиќ

Ужасни сцени: Се запали авионот на фудбалерките на Арсенал

(ВИДЕО) Мајсторија: Фудбалерот на Спортинг од центарот постигна гол против Арсенал

Предраг Петровиќ

Чудесен пресврт на Арсенал, победи и Челси

ВАР-судијата „заборавил“ да ги нацрта офсајд-линиите при голот на Брентфорд?

Горан Наумовски

Арсенал се сопна дома против Брентфорд