Аргентина прва од Јужна Америка се пласира на СП во Бразил

Од:

Репрезентацијата на Аргетина е првата од Јужноамериканските квалификации што обезбеди пласман на Светското првенство во Бразил идната година.

На ноќеска одиграниот натпревар Аргентина како гостин го победи Парагвај со 5:2 и со тоа на две кола до крајот на натпреварите обезбеди доволен број бодови за учество на Мундијалот.

Постигнати резултати на другите натпревари:

Боливија – Еквадор 1:1,
Уругвај – Колумбија 2:0,
Венецуела – Перу 3:2.

Табела: Аргентина 29 бодови (14 натпревари), Колумбија 26 (14), Чиле 24 (14), Еквадор 22 (14), Уругвај 22 (14), Венецуела 19 (15), Перу 14 (14), Боливија 11 (15) и Парагвај 11 (14).

Директен пласман на СП ќе обезбедат четирите првопласирани репрезентации.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он