Анжи не може да игра на свој терен

Од:

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не му дозволи на Анжи натпреварите од евро-куповите да ги игра на својот стадион во Дагестан поради безбедносни причини.

– Одборот за итност на УЕФА одлучи да не му дозволи на Анжи да игра на свој терен поради неповолната безбедносна ситуација во Дагестан и Северен Кавказ. По оваа одлука, рускиот клуб треба да предложи алтернативно место каде ќе биде домаќин на дуелите од Лига Европа, соопшти УЕФА.

Анжи сезоната во руското првенство ја заврши на 3.место и не ги исполни амбициите за пласман во Лигата на шампионите.

Минатата сезона во Лигата на Европа средбите на домашен терен Анѓи ги играше во Москва.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат