Антиќ се прости од својот голем пријател Драган Василов – Цевка

Од:

Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ, по повод смртта на Драган Василов – Цевка упати сочувство во семејството на познатиот тренер и кошаркарски работник.

– Во вакви моменти нема зборови кои ќе донесат утеха и ќе ја намалат болката, но сепак дозволете ми, сакам да упатам најискрено сочувство до семејството на мојот голем „френд“ Драган Василов – Цевка, за огромната загуба на нивниот сопруг, татко, дедо.

Во овие моменти на тага кои е тешко да се опишат, сакам да се присетам на сите оние досетки, шеги што еден со друг си ги имавме приредено. Да, понекогаш дури и само споменувањето на неговото име, ми носеше од оние заразни насмевки, типични, негови…

Ти беше тој кој од 80 деца ме одбра во групата од 20, и ги кажа магичните зборови ‘извод од матично и две слики’…

Ти беше тој што виде нешто во мене, и избра да ме земеш како најмлад во кадетската репрезентација на Македонија, и покрај, според мене, поквалитетни кошаркари. Да ми го овозможиш, да ми го дадеш тоа чувство како е да се игра на Европско кадетско првенство…

Ти беше тој што направи да ја засакам кошарката и да уживам во неа!

Таков беше, таков и ќе те паметам…

Верувам дека неговото име имаше ваков ефект на сите луѓе кои го познаваа и сигурен сум дека ова е особина која можат да ја изведат само навистина големите луѓе.

Мојот, нашиот Цевка беше еден од најпозитивните ликови, вљубеник во кошарката, тренер и креатор на цели генерации млади играчи… Другар, пријател, и семеен човек за пример – едноставно, легенда.

Легендите живеат засекогаш. Збогум Батка!“

Твојот Перо.

Еден од најпознатите и најтрофејни тренери во делот на млади категории во земјава, Драган Василов, почина вчера на 64-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Перо Антиќ ќе биде претседател на КФСМ и во следните четири години

Катерина Ѓуровски

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Македонската кошаркарска федерација вечерва ќе ги додели признанијата за најуспешните

Ана Ололовска