Првиот Македонец што заиграл во НБА лигата, Перо Антиќ и следната сезона ќе настапува за Атланта, потврдија од клубот.
Антиќ со Атланта имаше договор година плус година, односно втората година не му беше загарантира, но добрите игри беа препорака клубот да го задржи и за сезоната 2014/15.
Крилниот центар ќе има годишна плата од 1,25 милиони долари. Учинокот на Антиќ во 50-те настапи од дебитантската сезона (2013/14) во НБА лигата е од седум поени, 4,2 скокови и 1,2 асистенции за 18,5 минути по натпревар.